Христијаните кои живеат во Газа го слават својот втор Божиќ под израелските напади кои траат од октомври минатата година.
И покрај секојдневните израелски напади, христијанските верници вчера присуствуваа на божиќната миса во Црквата на Светото семејство, а на празникот особено му се радуваа децата.
Како и сите други жители на Газа, Палестинците христијани секојдневно се борат да ги преживеат бруталните напади, но и гладот, студот и многуте болести.
Овој пат, по повод Божиќ, сите заедно се помолија за мир во Црквата на Светото семејство, додека околу верскиот објект беа поставени божиќни украси за барем на некој начин да се прослави овој празник и покрај војната во Газа.
Насобраните верници го повикаа светот да направи многу повеќе за да ги запре израелските напади во Газа и конечно да живеат во мир.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година убиени се повеќе од 45.300 Палестинци, а околу 107.760 се повредени.