Испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа е ограничена или целосно прекината / Фото: AA

Додека продолжуваат израелските напади врз блокираниот Појас Газа, Палестинците се борат со гладот поради препреките од израелските сили.

Раселените Палестинци бараат храна на депониите со ѓубре во областа Деир Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Многумина се обидуваат на овој начин да ги прехранат своите повеќечлени семејства. Еден од нив е 65-годишен Палестинец, кој со храната што ја нашол на ѓубриштето се обидува да го прехрани своето 15-члено семејство.

Тој рече дека еден килограм брашно чини четири долари, а тоа е многу над куповната моќ на Палестинците.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, во израелските напади од 7 октомври минатата година во Појасот Газа се убиени 43.972 Палестинци, а 104.008 се ранети.

Покрај континуираните израелски напади, Палестинците се соочуваат и со хуманитарна катастрофа што е предизвикана поради препреките од израелските сили.

Испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа е ограничена или целосно прекината за некои делови од палестинската енклава, поради што Палестинците се соочуваат со глад.

AA
Популарни