Привремената хуманитарна пауза во Појасот Газа денес (четврток) е продолжена за уште еден ден.
Маџид ал-Ансари, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, за катарската државна новинска агенција КНА (QNA) рече дека хуманитарната пауза е продолжена за уште еден ден под истите услови.
Продолжувањето е реализирано преку посредничките напори на Катар, Египет и Соединетите Американски Држави.
Тековната медијација продолжува со цел да се обезбеди траен прекин на огнот во енклавата.
Палестинската група на отпорот, Хамас, го потврди продолжувањето на хуманитарната пауза со истите претходни услови.
Израелската војска исто така истакна дека продолжувањето е резултат на напорите на медијаторите и дека има за цел да го олесни ослободувањето на повеќе заложници.