Вкупната штета што ја предизвика ураганот Ијан во САД може да надмине 100 милијарди долари, а само осигураните загуби ќе надминат 60 милијарди долари. Иако се наведува дека штетата предизвикана од ураганот Ијан ќе биде најголемата загуба поврзана со ураган во историјата на Флорида, се предвидува дека Ијан ќе биде вториот најскап ураган што ја погодил осигурителната индустрија во историјата на САД.
Ураганот Ијан, кој на 28 септември го погоди јужниот брег на САД со интензитет од „четврта категорија“, се претвори во тропска бура што ги зафати сојузните држави Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, откако на 29 септември ја погоди и државата Јужна Каролина.
Додека бројот на луѓе кои ги загубија животите во ураганот, кој зад себе остави големи разурнувања на Флорида, се зголеми на 94, беше објавено дека 4 лица ги загубиле животите во Северна Каролина.
Додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување меѓу остатоците предизвикани од ураганот, се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.
Ураганските бранови, високи до 12 метри, поплавија делови од западниот брег на Флорида, уништија домови и деловни објекти и предизвикаа голема штета.
Илјадници домови и канцеларии беа разурнати или поплавени од брановите, а електричната енергија беше прекината во околу 800.000 домови и работни простории.
Колкави се осигурителните загуби?
Осигураните загуби од Катрина, најштетниот ураган во историјата на САД, изнесуваа 65 милијарди долари во 2005 година со што ураганот Ијан би бил на втората позиција по осигурителните загуби.
Во вкупната економска штета од ураганот Ијан, се вклучени неосигурени имоти, штети на инфраструктурата, трошоци за расчистување и обновување, се очекува да надмине 100 милијарди долари.
Според податоците од фирмата за анализа на податоци CoreLogic, загубата предизвикана од ураганот Ијан само на Флорида се проценува помеѓу 28 и 47 милијарди долари.
Според податоците од фирмата за моделирање на ризик Verisk, осигурената штета предизвикана од ураганот во Флорида и Јужна Каролина се очекува да биде помеѓу 42 и 57 милијарди долари.
„Најскапите“ урагани
Ураганот Катрина, кој се случи во 2005 година, го зазема првото место меѓу 10-те урагани со најголема штета во САД, според податоците на Институтот за информации за осигурување. Евидентирано е дека осигурената штета предизвикана од ураганот Катрина изнесува 65 милијарди долари. Споменатиот трошок се проценува дека ќе надмине 89 милијарди долари со приспособена инфлација во 2021 година.
По Катрина следат ураганот Ајда (36 милијарди долари) во 2021 година, ураганот Сенди (30 милијарди долари) во 2012 година и ураганот Харви (30 милиони долари) во 2017 година.