Жртвите од израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа се искачија на 1.000, соопшти Министерството за здравство.
Рано во четвртокот, портпаролот на министерството Ашраф Ал-Кедра на Фејсбук објави дека има „1.000 убиени, повредени и исчезнати во масакрите во Џабалија“, лоциран во северниот дел на Појасот Газа.
Министерството за внатрешни работи на Газа во вторникот соопшти дека израелскиот воздушен напад резултирал со „400 жртви, вклучително и убиени и повредени и целосно уништување на станбена населба во кампот Џабалија“.
Оваа недела израелската армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по прекуграничниот напад на Хамас на 7. октомври.
Оттогаш во конфликтот загинаа повеќе од 10.300 луѓе, меѓу кои најмалку 8.796 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.
Покрај големиот број жртви и раселени, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители во Газа поради израелската опсада.