Илјадници демонстранти протестираа во Израел против реформите во судството

Илјадници демонстранти протестираа во Израел против реформите во судството

Во текот на протестот дошло до судир меѓу израелската полиција и демонстрантите
Илјадници демонстранти протестираа во Израел против реформите во судството / Photo: AA

Илјадници Израелци се собраа на улицата „Ротшилд“, едно од најпрометните места во главниот град Тел Авив, во знак на протест против реформите во судскиот систем.

Со знамиња и транспаренти во рацете, демонстрантите се движеа од улицата „Ротшилд“ до улицата „Каплан“, која стана симбол на протестите против Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во текот на маршот некои од демонстрантите ги фрлаа своите факели во боја кон зградата на Министерството за одбрана.

Израелската полиција во текот на маршот презеде интензивни безбедносни мерки.

Демонстрантите беа блокирани од полицијата при обидот да преминат кон главната артерија на Тел Авив, автопатот „Ајалон“. Во некои моменти избувнаа судири меѓу израелската полиција и демонстрантите.

Израелскиот Парламент (Кнесет) во понеделникот го одобри контроверзниот Нацрт-закон што е дел од владиниот план за реформа во судството.

Владата тврди дека реформите имаат цел да ја вратат власта на избраните функционери, но критичарите тврдат дека тоа всушност претставува присвојување на власта од страна на Нетанјаху.

На Нетанјаху му се суди за корупција. На 24 јули тој е пуштен од болница по итен оперативен зафат на срцето.

Планот за реформа во судството го подели Израел, а настанаа и големи спротивставувања во различни кругови, вклучително и војската и бизнис-секторот.

TRT Balkan / агенции
Популарни