Израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилните телефони на Палестинците / Photo: AA

Илјадници палестински работници се вратија во блокираниот Појас Газа откако беа депортирани од Израел.

Неименуван безбедносен извор од граничниот премин Керм Абу Салим на југот на Појасот Газа соопшти дека во Газа се вратиле и работниците депортирани од Израел и од окупираниот Западен Брег.

Палестинските работници пешки пристигнаa во Газа, со оглед на тоа дека израелските сили ги оставиле два километра подалеку од граничниот премин.

Работниците пристигнаa до градот Рафах во Газа, а израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилните телефони.

Во веста објавена вчера во весникот „Харец“ се наведува дека израелската Влада одлучила да ги врати сите работници од Газа што работеле во Израел и на окупираниот Западен Брег.

Илјадници работници од Газа, кои имаа работни дозволи во Израел, не можеа да се вратат кај своите семејства во Газа по почетокот на војната на 7 октомври.

AA
Популарни