Според полицијата, на протестите учествувале повеќе од 5.000 земјоделски машини и речиси 10.000 земјоделци / Photo: AA

Протестите на фармерите продолжија во многу региони на Франција, особено во главниот град Париз и неговата околина.

Како што пренесува „Ле Монд“, земјоделците кои со своите трактори ги блокираа патиштата во и надвор од Париз порачаа дека ќе продолжат со протестите додека владата не преземе конкретни чекори кон нивните барања.

Протестите „Опсада на Париз“, кои почнаа рано вчера продолжија и во текот на ноќта, а голем број земјоделци и покрај студеното време ја минаа ноќта на трактори.

На социјалните мрежи се појавија слики од земјоделци кои чекаат покрај своите трактори и се обидуваат да се загреат со палење оган покрај патот.

Многу автопати и патишта кон Париз се затворени.

Полициски извори наведуваат дека на протестите ширум земјата учествувале повеќе од 5.000 земјоделски машини и речиси 10.000 земјоделци.

Полицијата, која распореди опсежни безбедносни мерки околу Рунгис, најголемиот пазар во главниот град кој беше во центарот на протестите на фармерите, ги спречи земјоделците да се обидат да влезат на пазарот.

Според „Франс Блу“, земјоделците кои вчера тргнале да го опкружуваат пазарот Рунгис со своите трактори од Лот-ет-Гарон, Марманд, Аген и Ла Реола, биле запрени од жандармеријата на локација во близина на Лимож на автопатот А20 во раните утрински часови.

Арно Русо, претседател на ФНСЕА, најголемиот синдикат на земјоделци во земјата, даде оценка за средбата што ја имаше со премиерот Габриел Атала вчера вечерта.

Наведувајќи дека Атал дејствувал „доброволно“ при преземањето мерки против кризата, Русо побара од земјоделците да се држат настрана од насилство и екстремизам.

Русо изјави дека „враќањето на земјоделците во нивните домови“ зависи од конкретните чекори што ќе ги преземе владата и дека преговорите продолжуваат.

Земјоделците ширум земјата протестираат против ниските примања и земјоделските политики на владата во многу градови како Тулуз, Аген, Бове и Рен.

Земјоделците со денови ги блокираат патиштата и автопатите со своите трактори за да ја натераат Владата да ги слушне нивните барања.

На неодамна спроведената земјоделска политика реагираат земјоделците во многу земји од ЕУ, особено во Германија, Франција, Шпанија, Холандија, Белгија, Полска, Италија и Унгарија.

Европските земјоделци ја критикуваат ЕУ дека „го отежнува земјоделското производство со воведување строги правила за употреба на јаглеродни ѓубрива и пестициди според Зелениот договор“.

AA
Популарни