Турскиот потпретседател со критики кон приемот на Нетахаху во Конгресот на САД / Фото: AA

Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз вчера го осуди „срамниот прием“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес.

„Срамниот прием на извршната власт обвинета пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа е загрижувачки во однос на човечките вредности, меѓународното право и иднината на демократијата“, напиша Јилмаз на X.

Тој рече дека „заедно со сите чесни луѓе и влади во светот, ќе продолжиме да го поддржуваме хуманитарното право на угнетениот и окупираниот палестински народ и да ја браниме правдата и мирот за сите“.

За овациите што Нетанјаху ги доби за време на неговиот говор, Нуман Куртулмуш, претседателот на турскиот Парламент, на социјалната мрежа Х напиша:

„Групата која стоеше и аплаудираше пркосејќи им на сите достигнувања кое човештвото ги оствари во име на човековите права, демократијата и правдата, на тој начин поддржувајќи ги оние на кои им се суди пред меѓународните судови за злосторства, ќе биде врежана во меморијата на човештвото како соучесници во таквите злосторства.“

AA
Популарни