Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери изјави дека некои европски земји практично ги блокирале сите дипломатски канали неосудувајќи ја израелската агресија во регионот и го спречуваат Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе ефективни одлуки против Тел Авив.
Багери имал телефонски разговор со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.
За време на разговорот Бакери го информирал соговорникот за нападите на Израел во регионот и за тоа дека Израел стои зад атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран и изјавил дека тие го сметаат овој атентат за „напад врз иранскиот национален суверенитет“.
Истакнувајќи дека некои европски земји молчат за израелските терористички акти што го кршат меѓународното право, Багери рече: „Оваа ситуација предизвика засилување на ароганцијата на криминалната група во Тел Авив и ширење на тензија и несигурност во регионот.“
„Неосудувајќи ги отворените терористички напади на ционистичкиот режим и спречувајќи го Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе ефикасна одлука против овој режим, европската страна, всушност, ги блокираше сите дипломатски канали“, додаде Багери.