Абдулахијан истакна дека директните напади врз Израел се завршени / Photo: Reuters

Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан порача дека Иран нема намера да продолжи со нападите врз Израел, но нема да се двоуми да одговори на евентуален нов напад.

„Користењето на своето право на легитимна одбрана го покажува одговорниот пристап на Иран кон регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, напиша Абдулахијан на платформата за социјални мрежи Х.

Тој истакна дека директните напади врз Израел се завршени.

„Иран во овој момент нема намера да продолжи со одбранбените операции, но нема да се двоуми да ги заштити своите легитимни интереси од нов напад доколку биде потребно“, рече Абдулахијан.

Иран доцна синоќа лансираше низа беспилотни летала и ракети кон Израел како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.

Нападот, во кој загинаа седум ирански воени претставници, меѓу кои висок командант на Корпусот на Иранската револуционерна гарда, наиде на остри реакции од иранските владини претставници, кои ветија „решителен одговор“.

AA
Популарни