Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека уште три брода натоварени со жито испловиле од Украина.
Во соопштението на Министерството, се нагласува: „Испораката на жито продолжува според планираното. Денеска во утринските часови уште три брода натоварени со жито тргнаа од украинските пристаништа.“
Со посредство на Туркије, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
AA