Гласањето на гласачите со престој надвор од земјата на претседателските и парламентарните избори во Туркије почна утрово со отворањето на избирачките места на граничните премини. Турските државјани кои живеат во странство со право на глас, ќе можат да гласаат на граничните премини, а гласањето ќе се одвива 24 часа и ќе биде завршено во недела, на 14 мај во 17 часот, кога ќе бидат затворени сите редовни гласачки места.
Граѓаните на Туркије на 14 мај ќе гласаат на претседателски и парламентарни избори, а ќе бираат помеѓу четири претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламент. Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани ќе гласаат по првпат. Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Килиџдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Туркије. Гласачките места во недела на 14 мај ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони.
Гласачките места ќе бидат отворени и надвор од Туркије во 75 држави и 156 претставништва на оваа земја. Гласањето на граничните премини почна денес, а од 5 до 9 мај ќе трае гласањето во дипломатските претставништва надвор од Туркије, според претходно утврден распоред.
Повеќе од 3,41 милиони граѓани се регистрирани за гласање од странство.