Врховниот изборен совет на Туркије (YSK) уверува дека изборниот процес во земјата, вклучувајќи го уфрлувањето на гласачките ливчиња и нивното пребројување, е транспарентен и обезбеден без простор за манипулација.
Објаснувањето на највисокото изборно тело за изборниот процес дојде откако критичарите го доведоа во прашање гласачкиот систем без да понудат никаков доказ.
Во првиот круг од гласањето на 14 мај, ниту актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту неговиот противкандидат, Кемал Киличдароглу, не обезбедија 50 отсто плус еден, праг потребен за победа во претседателската трка.
Претседателската трка сега ќе биде решена во вториот круг на 28 мај.
Пресметката на Врховниот изборен совет на Туркије покажа дека Ердоган добил 49,52 отсто од гласовите, речиси пет отсто повеќе од Киличдароглу кој доби 44,88 проценти. Третиот кандидат Синан Оган доби 5,17 отсто, додека Мухарем Инџе кој се повлече од трката доби 0,43 отсто од гласовите.
Бидејќи ниту еден кандидат не го доби потребното мнозинство, неопходен е втор круг на гласање во кое ќе учествуваат двајцата кои најмногу добија гласови. Тоа е предвидено во изменетиот Устав од 2017 година.
За прв пат во историја на земјата ќе се одржи втор круг на гласање на претседателските избори. Во интервју за „Си-Ен-Ен Интернешнал“ (CNN International), претседателот Ердоган го нарече тоа како ново искуство за турската демократија.
„Мојот народ ќе се појави за силна демократија на денот на изборите“, изјави Ердоган.
Парламентот, во меѓувреме, остана под контрола на АК партијата на Ердоган и неговите сојузници. Со преброени 100 отсто од гласовите, Партијата на правдата и развојот (АК Партија) и нејзиниот Народна алијанса ќе освојат најмалку 323 места (мандати) од 600-члениот парламент.
ЏХП и нејзината Национална алијанса освоија најмалку 212 места, додека другите помали партии освоија вкупно 65 места.
Изборите на 14 мај беа транспарентни
Пред вториот круг од гласањето, претседателот на Врховниот изборен совет, Ахмет Јенер, ги осуди наводите за нерегуларности во гласањето, велејќи дека тие се неосновани и со намера да ја доведат јавноста во заблуда, додавајќи дека системот на организација е транспарентен.
„Не треба да им се верува на неоснованите наводи споделени на социјалните мрежи. Процесот се одвива на транспарентен начин“, изјави Јенер.
По изборите на 14 мај, приврзаниците на главната опозициска партија ЏХП поднесоа жалби за наводни неправилности во најмалку 7.094 гласачки кутии, вклучително и 2.269 за претседателската трка.
Исто така ЏХП поднесе приговор за 4.825 гласачки кутии за парламентарните избори.
Сепак според Турскиот центар за борба против дезинформации наводите за неправилности од страна на опозицијата се должат на системската грешка на ЏХП.
„Кога се испитува наводното прашање, јасно се гледа дека погрешните податоци не припаѓаат на системот на Врховниот изборен совет, туку на системот на Републиканската народна партија“, се вели во соопштението на организацијата.
По приговорите и пребројувањето на гласовите, беше заклучено дека АК Партијата обезбедила уште еден пратеник во централната турска област Испарта.
Грешка во системот за снимање на ЏХП
Врховниот изборен совет излезе со став дека приговорите покренати од опозицијата и тие проблеми најверојатно се резултат на грешки во снимањето на ЏХП, а не на резултатот на изборното тело.
Јенер, исто така рече дека изборното тело го споделило процесот со партиските претставници во сите фази.
„Копија од извештајот за резултатите од гласачките кутии им беше даден на претставниците на релевантните политички партии, претседателските кандидати и набљудувачите на политичките партии. Сликите прикажани на социјалните мрежи немаат никаква врска со ЈСК“, изјави тој, одговарајќи на наводите за манипулација со броењето гласови објавени на интернет.
На претставниците на партиите им се дава и право да се жалат на резултатот од гласовите и да презентираат докази во случај на можна измама при пребројувањето.
Компјутерскиот систем СЕКСИС што го користи Врховниот изборен совет (ЈСК) за спроведување на гласањето и преносот на изборните резултати употреби високо ниво на безбедносни мерки дизајнирани да ги спречат сите безбедносни закани кои негативно влијаат на меѓународната респектабилност на Туркије.
Меѓународните набљудувачи со пофалби за изборниот процес
Процесот на гласање на денот на изборите доби пофалби и од независните изборни набљудувачи од Европа.
Во соопштението објавено по општите избори на 14 мај, набљудувачите од претставниците на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го пофалија изборниот процес, велејќи дека високата излезност на гласачите беше јасен показател за силен демократски дух.
Во текот на својата историја, турските гласачи со големо мнозинство учествуваа во изборниот процес, и покрај наизменичните политички пресврти, вклучително и неколку државни удари. Од 1950 година просечниот одзив на гласачите е над 82 отсто, покажуваат јавно достапните податоци.
Додека политичката реторика продолжува да се интензивира пред вториот круг, Јенер ги увери скептиците меѓу јавноста дека се прават сите процеси за да се обезбеди интегритетот на гласањето и да се осигура дека гласовите точно се одразуваат во конечниот резултат.