Најмалку 18.608 Палестинци се убиени, а 50.594 други се повредени во тековните израелски напади врз Појасот Газа / Photo: AA

Израел ја отфрли резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа, тврдејќи дека од тоа корист ќе има само палестинската група Хамас.

„Може да се постигне прекин на огнот само откако Хамас ќе биде поразен, рече Офир Генделман, портпарол на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, на прес-конференција на платформата Зум во средата, откако во вторникот ја отфрли резолуцијата на ОН, во која се повикува Тел Авив да прифати прекин на огнот.

Генералното собрание на ОН донесе резолуција во вторникот во која се повикува на „непосредна хуманитарна пауза“ во Појасот Газа.

Барањето дојде по седумдневната хуманитарна пауза за време на која Израел и палестинските фракции разменија затвореници.

Генделман рече дека Израел нема да дозволи прекин на огнот во Појасот Газа во овој момент.

„Повикот за прекин на огнот сега му служи на Хамас, кој има очајна потреба од одмор и можност за реорганизација, тврди тој, игнорирајќи ги повиците од разни земји за постојан прекин на огнот, бидејќи израелската армија ги засили нападите врз опколената енклава по еднонеделната хуманитарна пауза која истече на 1 декември.

Генделман рече дека САД целосно го поддржуваат Израел во уништувањето на Хамас, извлекувањето на израелските заложници и се спротивставуваат на меѓународниот притисок за да се стави крај на борбата против палестинската група.

„Како и да е, има несогласувања со Вашингтон во врска со начинот на управување со Газа по уништувањето на Хамас, но се надеваме дека ќе постигнеме договори за ова прашање“, додаде портпаролот.

Најмалку 18.608 Палестинци се убиени, а 50.594 други се повредени во тековните израелски напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти во средата Министерството за здравство во Газа.

AA
Популарни