Израелската армија соопшти дека во воздушниот простор на градот Акре на северот на Израел е соборено беспилотно летало пратено од Либан.
Тие соопштија дека „системите за противвоздушна одбрана утрово пресретнале сомнителна воздушна цел што од Либан навлегла во морската област на градот Акре“.
Наведено е дека сирените не се активирани и дека во инцидентот нема загинати или повредени.
Во последните недели расте тензијата на граничната линија меѓу Израел и Либан, позната како „сина линија“.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари синоќа изјави дека „Хезболах во Либан од 7 октомври истрелал над 5.000 ракети, противтенковски проектили и беспилотни летала кон Израел“.
„Зголемените напади на Хезболах нѐ доведуваат до раб на поширока ескалација. Ова е ескалација што може да има катастрофални последици за Либан и регионот“, рече Хагари.
Израел, кој продолжи со нападите врз Појасот Газа од 7 октомври, се бори и против либанскиот Хезболах на северната граница.
Во овие судири загинаа 341 член на Хезболах, 63 либански цивили, 19 на движењето Амал, 13 на Хамас, 15 члена на Исламски џихад, 14 израелски војници и 10 израелски цивили.