Израел бомбардираше 69 % од училиштата во Газа / Photo: AA

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека израелската војска бомбардирала 69 отсто од училиштата во кои се сместени раселените лица во Појасот Газа.

Агенцијата истакна дека „според Глобалниот едукативен кластер, 69 отсто од училишните згради каде раселените семејства бараа засолниште се директно погодени или оштетени“.

„Ова блатантно непочитување на хуманитарното право мора да престане. Ни треба прекин на огнот сега“, се додава.

Во петокот, УНРВА објави дека во Газа над 76 отсто од училиштата треба да се обноват за повторно да бидат функционални, според Глобалниот едукативен кластер.

Глобалниот едукативен кластер, основан во 2007 година од Постојаниот меѓуагенциски комитет, глобално раководен од УНИЦЕФ и локалната Мрежа за заштита на децата. Тој служи како заеднички механизам за координација меѓу организациите ангажирани за хуманитарен одговор во образовниот сектор за време на случаи на внатрешно раселување.

Од 17 јуни, во израелските напади целосно уништени се 110 училишта и универзитети, делумно оштетени 321 училиште и универзитет. Војната ги однесе животите и на над 10.000 студентки и студенти, според владината канцеларија за медиуми во Газа.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, над 37.500 Палестинци се убиени во Газа, од кои повеќето жени и деца, а речиси 86.000 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Повеќе од осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

AA
Популарни