Израелските напади врз Газа влегоа во 46. ден / Photo: AA

Израелските напади врз Газа влегоа во 46. ден, а денес израелската војска бомбардираше училиште во кое се засолнети раселени лица во северниот дел на Газа.

Според државната палестинска телевизија, израелскиот воздушен напад таргетирал училиште во Ал Фалуџа во бегалскиот камп Џабалија, со неколку жртви меѓу раселените Палестинци, повеќето деца и жени.

Во нападите во текот на ноќта израелската војска бомбардираше девет дома во гратчето Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа, во кои има жртви.

Здравствените власти допрва треба да го соопштат бројот на жртвите од израелските воздушни напади.

Државната палестинска новинска агенција Вафа објави дека телекомуникациските услуги целосно се прекинати во градот Газа и во подрачјата во северниот дел на Појасот Газа по израелското бомбардирање на телекомуникациските кули.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, меѓу кои и болници, домови и места за богослужба, по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Досега во израелските напади загинати се 13.300 Палестинци, од кои 5.600 деца и 3.550 жени.

Илјадници згради, меѓу кои и болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.

AA
Популарни