Израелската армија ја бомбардираше зградата на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА) во Појасот Газа доцна во неделата, објавија локалните медиуми.
Израелската државна телевизија КАН објави дека израелските сили тврдат дека зградата е „воен команден центар“ што го користи палестинската група Хамас.
Покрај овој напад, многу луѓе загинаа во воздушните напади извршени од израелски воени авиони врз две училишта во Газа каде што се засолниле раселените семејства.
Израел и претходно ги гаѓаше центрите на УНРВА во Газа.
Повеќе од 34.600 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Израелската војна турна 85 отсто од населението на Појасот Газа во внатрешно раселување со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.