Израел цели на училишта во кои се сместени раселените луѓе во Појасот Газа / Photo: AA

Израелската армија таргетирала училиште во кое биле засолнети раселени лица во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, покажуваат снимките и извештаите.

Очевидци во изјава за Анадолу велат дека училиштето управувано од Агенцијата за помош и работа на ОН (УНРВА), во кое се сместени стотици раселени лица, во неделата било цел на напади.

На социјалните мрежи кружат видеа од нападот, на кои се гледа крв во училишниот двор, како и пожари кои горат во целата зграда.

Во друга снимка, еден од раселените лица, кој не го откри своето име, рече дека неколку луѓе биле убиени и ранети бидејќи „една од училниците во училиштето (во која имало раселени луѓе) била бомбардирана од израелската армија“.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Речиси 18.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 49.229 други се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни