Моментално во болницата има околу 200 лица / Photo: AA

Израелската армија повика на евакуација на Индонезиската болница во северниот дел на Појасот Газа во рок од четири часа, изјави во четвртокот официјален претставник на палестинското Министерство за здравство.

„Израелската армија сака да влезе во болница за воена операција и побара евакуација во рок од четири часа“, изјави генералниот директор на Министерството за здравство Мунир Ал-Борш за медиумската мрежа Ал Џезира.

Тој рече дека болницата е под опсада на израелската армија и дека нападите продолжуваат во нејзина близина.

Напоменувајќи дека моментално во болницата има околу 200 лица, функционерот рече дека во средата болницата ја напуштиле 450 пациенти.

„Во болницата има 65 тела кои не можеа да бидат погребани, а 50 од нив беа во дворот на болницата повеќе од 10 дена“, рече Ал-Борш.


AA
Популарни