Истрагата на агенцијата Асошиејтед прес (АП) откри дека израелската војска добила силна поддршка од Мајкрософт и од инфраструктурата на ОпенАИ за геноцидот во Газа, во кој се убиени десетици илјади цивили и физички е уништено тоа подрачје.
Откриени се грешки во системите за вештачка интелигенција што ги користеше израелската војска во геноцидот во Газа, а кои може да доведат до смрт на цивили.
Употребата на вештачка интелигенција од страна на Израел во нападите врз Либан, како и геноцидот што го спроведува во Газа од 7 октомври 2023 година, е критикувана поради тоа што не прави разлика меѓу цивилни и воени цели и дека вклучува воено злосторство.
„Хабсора“, „Лаванда“ и „Каде е тато“ се технологии поддржани со вештачка интелигенција за „надзор и таргетирање“ на цивили што претходно беше откриено дека ги користи израелската војска, а американските компании за вештачка интелигенција продолжуваат со тој тип поддршка.
Истрагата на АП е спроведена со анализа на податоци од Мајкрософт и ОпенАИ и интервјуирање на израелски претставници, а го испита степенот на употреба на вештачка интелигенција во израелската војска.
Властите велат дека е исклучително тешко да се открие кога системите за вештачка интелигенција, кои се користат заедно со многу други форми на интелигенција, вклучително и човечката интелигенција, прават грешки и дека тоа може да доведе до „неправедна смрт“.
- Израелската војска собира податоци користејќи вештачка интелигенција -
„Израелската војска го користи Мајкрософт азур за собирање информации преку масовен надзор што се транскрибираат и преведуваат, вклучително телефонски повици, текстуални пораки и говорни пораки“, рече израелскиот разузнавач кој говореше за АП.
Официјалниот претставник рече дека Азур се користи за брзо пребарување на термини во огромни сегменти од текстот и дека, исто така, овозможува пронаоѓање луѓе што едни на други си даваат насоки и да ја одреди нивната локација користејќи системи за вештачка интелигенција.
- Средношколци идентификувани како потенцијални милитанти -
Податоците прегледани од АП покажуваат дека израелската војска интензивно користи модели на ОпенАИ од 7 октомври 2023 година, заедно со можностите за транскрипција и превод на говор.
Израелската војска тврди дека преводите на вештачката интелигенција ги проверува персонал што зборува арапски, но израелскиот официјален претставник кој разговараше со АП предупреди дека се можни грешки кога станува збор за вештачката интелигенција.
Претставникот рече дека арапскиот збор што го опишува зафатот на цевката за лансирање на ракетен фрлач е ист како терминот за плаќање и дека во еден случај вештачката интелигенција го превела погрешно, а лицето што го проверувало преводот првично не ја забележало грешката.
Официјалниот претставник рече дека понекогаш податоците што луѓето ги додаваат на профилите може да бидат неточни и дека системот погрешно идентификувал околу 1.000 средношколци како потенцијални милитанти.
Властите, исто така, предупредуваат на опасноста вештачката интелигенција да означи куќа на некој што има врски со Хамас, а кој не живее таму и таа куќа да ја направи цел.
- Употребата на вештачка интелигенција е зголемена за 200 пати -
Според студијата, употребата на вештачката интелигенција на ОпенАИ и Мајкрософт во израелската војска се зголемила за речиси 200 пати во март 2024 година во споредба со периодот до 7 октомври 2023 година.
Од друга страна, количината податоци складирани од војската на серверите на Мајкрософт се удвоила од март до јули 2024 година, надминувајќи 13,6 петабајти, а употребата на овие сервери од страна на војската се зголеми за две третини за само два месеца по 7 октомври 2023 година.
„Ова е прва потврда што ја имаме дека комерцијални модели на ВИ се користат директно во војување“, рече Хајди Калаф, поранешна извршна директорка на ОпенАИ.
- Блиски врски со Мајкрософт -
Податоците на АП, исто така, покажаа дека израелската војска купила напредни модели на вештачка интелигенција што се нудат преку платформата на Мајкрософт во облакот Азуре и ОпенАИ.
Студијата истакна дека меѓу американските технолошки компании, Мајкрософт има особено блиски односи со израелската војска и дека оваа врска дополнително се зајакнала по 7 октомври 2023 година.
Документите разгледани од АП покажуваат дека Мајкрософт потпишал тригодишен договор вреден 133 милиони долари со израелското Министерство за одбрана во 2021 година, со што Израел стана втор најголем воен купувач на компанијата по Соединетите Американски Држави.
Податоците, исто така, открија дека израелската војска пратила барање за техничка поддршка до Мајкрософт Азуре приближно две недели по 7 октомври 2023 година. Побарано е да се одложат планираните прекини за одржување за остатокот од годината бидејќи секој прекин ќе има директно влијание врз системите за спасување животи.
Во десет месеци по 7 октомври Мајкрософт Азуре одговорил на околу 130 барања за техничка поддршка за израелската војска, наведува АП.
Податоците на Мајкрософт се чуваат на сервери во две огромни згради опкружени со бодликава жица надвор од Тел Авив.
Мајкрософт, исто така, управува со корпоративен кампус од 46.000 квадратни метри во градот Херцлија, во близина на Тел Авив.