Ова е прв напад на Хутите насочен кон Тел Авив, најголемиот дел од претходните напади беа насочени кон крајбрежните градови Еилат и Хаифа / Photo: AA

Израелската Армија денес истакна дека дронот на Хусите со кој е извршен напад врз Тел Авив е од типот Самад-3 од иранско производство.

На прес-конференција, портпаролот на израелската Армија, Даниел Хагари, рече дека дронот со кој Хутите го извеле нападот во Тел Авив е од иранско производство од типот Самад-3.

„Дронот е лансиран од Јемен“, рече тој.

„Од почетокот на војната, Израел и американските сили пресретнаа десетици дронови кои беа лансирани од Јемен“, соопшти портпаролот на Армијата.

Претходно беше соопштено дека дронот бил забележан навремено, но дека поради човечки фактор истиот не бил соборен пред да експлодира.

Од иранската страна нема моментален коментар за израелските тврдења.

Претходно денес, Хутите со беспилотно летало изведоа напад во Тел Авив, при што загина најмалку еден Израелец, а повредени се 10.

Дронот екпслодирал на стотици метри од Амбасадата на САД.

Ова е прв напад на Хутите насочен кон Тел Авив. Најголемиот дел од нивните претходни напади беа насочени кон крајбрежните градови Еилат и Хаифа.

Хутите со проектили и беспилотни летала ги напаѓаат бродовите што се во израелска сопственост, кои пловат под израелско знаме, се управувани или пловат кон израелските пристаништа во Црвеното Море и Аденскиот Залив во знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври минатата година.

AA
Популарни