Роднините и на израелските заложници денеска го блокираа автопатот Ајалон во Тел Авив за време на протестот со кој бараат ослободување на сите заложници / Photo: AFP

Израел може да побара од Хамас да го прошири списокот на израелски заложници што ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа, се вели во извештајот во средата.

Израел ја истражува можноста да поднесе барање до палестинската група преку Египет, Катар и САД, објави Канал 12.

Барањето, наводно, дошло откако било утврдено дека некои затвореници се болни и повредени.

Според првата фаза од договорот за прекин на огнот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за стотици палестински затвореници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, завчера се закани дека ако Хамас не ги ослободи заробениците до сабота напладне ќе го прекине договорот за прекин на огнот во Газа.

Израелскиот премиер рече дека и дал инструкции на армијата да ги мобилизира силите внатре и околу Појасот Газа.

Заканата дојде еден ден откако Хамас рече дека ќе го одложи следното ослободување на заложниците како одговор на израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.

TRT Balkan / агенции
Популарни