Рафах, на границата со Египет, бил дом на околу 280.000 Палестинци пред израелските напади, а со пристигнувањето на раселените сега има 1,5 милиони жители / Photo: AA

Израел планира да постави 10.000 шатори во близина на Рафах за две недели пред копнената инвазија во Газа, јавува израелскиот јавен сервис КАН.

Според извештајот од понеделникот, планирано е да се постават и 30.000 дополнителни шатори во истата област, која се наоѓа јужно од Појасот Газа.

КАН во извештајот наведува и дека процесот на евакуација на Палестинците од Рафах ќе трае долго.

Во извештајот се додава дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој минатата недела изјави дека е „одреден датумот“ за копнениот напад на Рафах, го „одложил“ овој чекор.

Градот Рафах, кој се наоѓа јужно од Газа на границата со Египет, бил дом на околу 280.000 Палестинци пред израелските напади. Поради нападите на Израел на 7 октомври, околу 1,9 милиони луѓе беа раселени во Појасот Газа, кој има 2,3 милиони жители.

Повеќето од раселените Палестинци се засолниле во Рафах, за кој Израел претходно тврдеше дека е „безбеден“.

Со пристигнувањето од северните региони, населението на Рафах се зголеми за повеќе од четири пати, достигнувајќи 1,5 милиони.

Повеќето од Палестинците кои се засолниле во Рафах поради недостаток на доволно куќи, се борат да преживеат во кампови составени од импровизирани шатори.

Израелската Армија го гаѓа градот Рафах со чести воздушни напади. Се стравува дека доколку Израел изврши копнен напад врз градот Рафа, цивилите нема да имаат засолниште во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 9 февруари ѝ наложи на израелската Армија и безбедносните служби „да подготват план за напад на Рафах“.

AA
Популарни