Ал Џезера е меѓу првите медиуми во Израел кој може да биде затворен / Фото: AP

Израелскиот Кнесет усвои закон со кој се дозволува затворање на телевизијата Ал Џезира. Законот беше усвоен со 71 спрема 10 гласови во неговото второ и трето читање на пленумот во Кнесетот.

Првото читање на предлог-законот беше изгласан на 12 февруари. Според нацрт-законот, министерот за комуникации ќе има овластување да ги затвори странските мрежи кои работат во Израел и да ја конфискува нивната опрема доколку министерот за одбрана идентификува дека нивното емитување претставува „реална штета за безбедноста на државата“.

По усвојувањето на законот, израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи вети дека каналот Ал Џезира финансиран од Катар ќе биде затворен „во наредните денови“.

Рано во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „веднаш ќе дејствува за затворање на Ал Џезира“ по усвојувањето на законот во Кнесетот.

САД го опишаа усвојувањето на законот за затворање на Ал Џезира како „загрижувачки“.

„Ние веруваме во слободата на печатот. Тоа е критично. Тоа е критично важно. И САД ја поддржуваат критично важната работа што ја вршат новинарите ширум светот, а тоа ги вклучува и оние кои известуваат за конфликтот во Газа“, портпаролката на Белата куќа. - изјави Карин Жан-Пјер за време на брифингот со новинарите.

Ал Џезира има канцеларија во Израел и тим дописници кои работат во текот на целата година, вклучително и покривање на тековната израелска војна на Појасот Газа, во која загинаа речиси 32.850 луѓе од 7 октомври 2023 година.

AA
Популарни