Деновите на паузата ја покажаа големината на масарот и огромното уништување на инфраструктурата и домовите / Photo: AA

Канцеларија за медиуми на владата во Газа денес соопшти дека израелската армија фрлила 40.000 тони експлозив врз Појасот Газа од 7 октомври, со очигледна цел да ја направи енклавата невозможно место за живеење.

Ова го објави Салама Мааруф, шефот на канцеларијата за медиуми, преку Телеграм, на третиот ден од привремената хуманитарна пауза меѓу Израел и Хамас, која стапи на сила во петокот.

„Израелските окупациски сили фрлија 40.000 тони експлозив врз Појасот (од 7 октомври), а злосторствата на окупацијата (окупациските сили) се разоткриваат далеку од камерите“, рече Маруф.

Тој истакна дека „бомбите што ги користеше окупацијата (окупациските сили) никогаш претходно не се користени, а стотици загинати се закопани на местата каде што се паднати бомбите. Уништувањето од страна на окупацијата (окупациските сили) ја одразува нејзината намера да ја направи Газа непогодна за живеење“.

Мааруф, исто така, се осврна и на привремената пауза во нападите, нагласувајќи дека „деновите на паузата ја покажаа големината на масарот, и огромното уништување на инфраструктурата и домовите“.

„Една третина од населението на Појасот Газа допрва треба да добие основна помош, а евидентно е отсуството на сите меѓународни институции“, изјави тој, повикувајќи ја меѓународната заедница да дејствува.

„Постои итна потреба за формирање на голема теренска болница“, додаде тој.

AA
Популарни