Како одговор на нападот е активирана сириската против-воздушна одбрана / Photo: AA Archive

Израел во четвртокот изврши напади врз сирискиот главен град Дамаск и градот Алепо, гаѓајќи ги аеродромите, јавуваат локалните медиуми.

„Во четвртокот Израел ги нападна главните аеродроми во главниот град Дамаск и северниот град Алепо“, пишува весникот „Хаарец“.

Израелската армија потврди дека бомбардирала два аеродроми во истовремени напади, јавува израелски „Канал 12“.

„Шам ФМ“ објави дека како одговор на нападот е активирана сириската против-воздушна одбрана.

Во нападот нема повредени.

AA
Популарни