Израел денес ги отповика своите амбасадори во Ирска и Норвешка поради одлуката на земјите да ја признаат Палестина како држава.
„Наложив итно отповикување на израелските амбасадори во Ирска и Норвешка за консултации во однос на одлуките на овие земји да ја признаат палестинската држава“, истакна израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.
„Испраќам јасна и недвосмислена порака до Ирска и Норвешка: Израел нема да молчи пред оние што го поткопуваат неговиот суверенитет и ја загрозуваат неговата безбедност.“
Тој рече дека Израел нема да молчи, порача дека ќе има дополнителни тешки последици и додаде: „Ирско-норвешката глупост не нѐ одвраќа; ние сме решени да ги постигнеме нашите цели: враќање на безбедноста на нашите граѓани, растурање на Хамас и враќање на заложниците дома. Не постојат поправедни причини од овие“.
Ирска, Норвешка и Шпанија донесоа одлука да ја признаат Палестина како посебна држава.