Хамас тврди дека уништил 136 израелски воени возила / Photo: AA

Западното предградие на градот Газа во четвртокот е под жестоко артилериско гранатирање додека палестинските борци се соочуваат со израелските силите кои се обидуваат да навлезат подлабоко во опколената енклава.

Артилериски топови ги гранатираа населбите Тел ал-Хава, Шеик Ијлин и улицата Рашид западно од градот Газа, изјавија извори.

Бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас, претходно тврдеа дека уништиле 136 израелски воени возила откако армијата ги прошири своите копнени операции во северниот дел на Појасот Газа на 27 октомври.

Израел започна непрестајни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш се убиени најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600, според официјалните бројки.

Покрај големиот број жртви, масовните раселувања и илјадниците згради срамнети со земја, основните резерви за 2,3 милиони жители на Газа се при крај поради израелската опсада.


AA
Популарни