Израел го предупредува населението на Газа да се пресели на југ / Photo: AFP

Израелската војска го повика палестинското население да се премести од северот на Појасот Газа на југот на овој блокиран регион.

Во соопштението израелската војска тврди дека припадниците на Хамасовото воето крило се кријат во тунели и под куќи, како и во згради во кои живеат цивилите во Газа.

„Градот Газа е област каде што се вршат воени операции. Израелската армија нареди сите цивили во градот Газа да бидат евакуирани од нивните домови на југ заради нивна безбедност и заштита. Оваа евакуација е за ваша безбедност“, се вели во соопштението.

Во соопштението се предупредуваат Палестинците во Газа да се држат подалеку од граничните огради и се наведува дека израелската војска продолжува со операциите во Газа.

Вкупно 2,3 милиони Палестинци живеат во Газа, која Израел ја блокираше од 2007 година и која има тесно подрачје од околу 360 квадратни километри.

TRT Balkan / агенции
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати