Министерството ги повика граѓаните од областа со „медицински вештини“ да дојдат во болницата за да ги спасат пациентите и повредените кои може да се спасат / Photo: AA

Само еден педијатар остана во болницата „Камал Адван“ во градот Беит Лахија на северот на Појасот Газа, каде израелската армија изврши рација и приведе многу луѓе, меѓу кои и здравствени работници.

Министерството за здравство на Газа даде информации за состојбата во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија, кој е под цврста опсада на израелската армија веќе 24 дена.

„Откако израелската окупација го приведе целиот медицински персонал во болницата „Камал Адван“ на северот од Појасот Газа, во болница остана само еден педијатар“, соопшти Министерството.

Тие ги повикаа меѓународните институции „итно“ да испратат лекари и медицински персонал во болницата „Камал Адван“.

Во изјавата за граѓаните од областа, луѓето со „медицински вештини“ беа замолени да дојдат во болницата за да ги спасат пациентите и повредените кои може да се спасат.

Израелската армија која на 5 октомври изврши интензивни воздушни напади на северот на Газа, особено на бегалскиот камп Џабалија, на 6 октомври изврши копнен напад на споменатите области.

Се верува дека овој чекор е преземен со цел да се иселат Палестинците од северот на Газа, и да се подготви областа за Израелците.

На 7 октомври, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги предупреди Палестинците во Беит Ханун, Џабалија и Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа да ја напуштат областа.

AA
Популарни