Нападите се случија и пкрај предупредувањата на ОН за прекин на конфронтациите / Photo: AA

Израелската артилерија гранатираше седум погранични градови во јужен Либан на првиот ден од муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Според официјалната либанска Национална новинска агенција израелските сили отворија оган со митралези, и артилериско гранатирање, врз станбените населби во градовите Адаисе, Кфаркела и Блида. И израелската армија, исто така, наизменично ги гранатирала градовите Накура, Јарун, Алма Ал Шааб и Џабал ал Бунах.

Нема информации за жртви или материјална штета.

Претходно, Аролдо Лазаро Саенз, шефот на привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ), повика на прекин на граничните конфронтации меѓу Израел и Хезболах по повод празникот Рамазан Бајрам.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Либан и Израел во услови на наизменични судири меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните борби од 2006 година.

Ескалацијата доаѓа во време на израелска воена офанзива во Појасот Газа во која загинаа повеќе од 33.300 Палестинци по нападот на Хамас во октомври минатата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни