Според локалните здравствени власти, во израелските напади убиени се најмалку 39.677 Палестинци / Photo: AA

Најмалку седуммина Палестинци загинаа во израелското артилериско гранатирање на шаторскиот камп во кој се сместени раселените лица во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Локалната цивилна заштита соопшти дека цел на денешните израелски напади биле шаторите на раселените лица во подрачјето на Абасан ал Кабира, источно од центарот на Кан Јунис.

Според владината Канцеларија за медиуми во Газа, околу два милиона луѓе се раселени поради израелските напади врз Појасот Газа.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш убиени се најмалку 39.677 Палестинци, главно жени и деца, а 91.645 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

AA
Популарни