Се наведува дека во зградата врз која бил извршен нападот нема траги од заложниците Израелци / Photo: AA

Израелската Армија објави дека ја истражува можноста шефот на политичкото биро на Хамас, Јахја Синвар, да е убиен во напад врз Појасот Газа.

Во писменото соопштение на Армијата се наведува дека во нападот во Газа се убиени тројца Палестинци.

Израелската Армија и Внатрешната разузнавачка агенција Шин-Бет (Шабак) ја истражуваат можноста Синвар да е еден од тројцата Палестинци убиени во нападот, но идентитетот сѐ уште не е потврден.

Се наведува дека во зградата врз која бил извршен нападот нема траги од заложниците Израелци.

Израелската радио станица Кан пишува дека Јахја Синвар е убиен „случајно“ и дека пред нападот не биле користени разузнавачки информации. Новинската агенција АФП јавува дека израелски безбедносен функционер изјавил дека се вршат ДНК тестови на едно од телата на местото на настанот за да се утврди дали Синвар е меѓу убиените.

Од друга страна, Хамас сѐ уште не излегол со соопштение во врска со проценката што ја даде израелската Армија.

AA
Популарни