Ништо не може да ја запре израелската армија, изјави Галант / Photo: AA

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во неделата изјави дека очекуваната копнена операција во Појасот Газа „може да трае со месеци“, објавија локалните медиуми.

Изјавите на Галант дојдоа за време на неговото учество на седницата на Оперативната команда на воздухопловните сили во близина на границата со Појасот Газа.

„Ова треба да бидат последни копнени маневри во Газа, бидејќи по нив веќе нема да има Хамас. Ќе треба еден месец, два, три месеци, но на крајот нема да има повеќе Хамас“. Ништо не може да ја запре израелската армија. Оперативната страна на маневарот е комбинација од две работи: капацитет на воздухопловните сили и копнена операција“, рече Галант.

Претходно во неделата, израелската војска објави дека ќе ги интензивира воздушните напади врз Појасот Газа со цел да ги намали заканите на кои може да се сретнат нејзините сили во Газа, како подготовка за следната фаза од војната, мислејќи на копнена операција.

Израелската армија продолжи да ја напаѓа Газа со интензивни воздушни напади кои уништија цели населби.

Најмалку 4.651 Палестинец, меѓу кои 1.873 деца, се убиени во израелските напади врз Газа. Неутврден број луѓе се заробени под урнатините.

Конфликтот во Газа, кој е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога палестинската група Хамас ја иницираше операцијата „Ал Акса поплава“, ненадеен напад кој вклучуваше низа од ракетни лансирања и инфилтрации во Израел од копно, море и воздух.

Се наведува дека упадот бил како одмазда за упадот во џамијата Ал Акса и зголеменото насилство од страна на израелските доселеници.

Израелската војска потоа ја започна операцијата Железни мечеви против цели на Хамас во Појасот Газа.

Газа се соочува со страшна хуманитарна криза без струја, додека водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Во конфликтот загинаа повеќе од 1.400 Израелци.

AA
Популарни