Не може да испорачаме хуманитарна помош додека се пука, порачаа од УНРВА / Photo: AA

Директорот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) за Газа, Томас Вајт, вчера соопшти дека израелските сили извршиле напад на конвој со помош што чекал да тргне кон северот на Појасот Газа.

Директорот на УНРВА за Газа, Вајт, на социјалната платформа Х објави дека конвојот утринава е погоден со истрели на израелската морнарица.

Вајт наведе и дека никој не е повреден во израелскиот напад на конвојот со храна.

„Не може да испорачаме хуманитарна помош додека се пука“, порачаа од УНРВА и нагласија дека постои итна потреба од постојан и безбеден хуманитарен пристап насекаде, вклучително и северните делови на Газа.

Поради израелските напади во Појасот Газа раселени се 1,9 милиони луѓе, а хуманитарната помош не може доволно да биде испорачана во регионот. Палестинците во Појасот Газа водат гола борба за преживување.

AA
Популарни