Според организацијата за помош „Лекари без граници“, израелскиот напад во Џенин и Тулкарем на северниот дел на Западниот Брег расели над 38.000 Палестинци / Photo: AA

Израелската Армија денес им нареди на палестинските жители во бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег да се евакуираат поради воената офанзива во областа, изјавија очевидци.

„Израелската Армија, преку звучници, им нареди на Палестинците да ги напуштат своите домови во кампот, источно од градот Тулкарем“, изјави очевидец за Анадолу.

Армијата изврши рација во кампот во неделата, во најновата ескалација на северниот дел на Западниот Брег во време на воени операции во кои се убиени повеќе од 30 луѓе, а илјадници беа раселени од 21 јануари.

„Палестинците кои го напуштаат кампот пред да заминат се претресувани и испрашувани од израелските сили“, велат очевидци.

Според организацијата за помош „Лекари без граници“, израелскиот напад во Џенин и Тулкарем на северниот дел на Западниот Брег расели над 38.000 Палестинци.

Ескалацијата на Западниот Брег следуваше по договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа на 19 јануари по повеќе од 15 месеци израелско бомбардирање во кое се убиени речиси 48.200 Палестинци.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, израелските сили и доселеници убиле најмалку 910 Палестинци низ окупираниот Западен Брег, според палестинското Министерство за здравство.

Меѓународниот суд на правдата во јули 2024 година ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

TRT Balkan / агенции
Популарни