Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар најави дека ќе ја затвори амбасадата во Ирска, чија влада одлучи да се приклучи на тужбата против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), известува Анадолу.
Министерот Сар изјави рече дека амбасадата во Даблин ќе биде затворена по одлуката на Ирска да се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).
Тој истакна дека Даблин ги преминал сите црвени линии во односите со Тел Авив.
Вицепремиерот на Ирска и министер за надворешни работи и одбрана, Мајкл Мартин, даде изјава по состанокот на владата на 28 мај, во која наведе дека Ирска официјално ја признала државата Палестина.
Администрацијата на Тел Авив го отповика амбасадорот како одговор на ирското признавање на палестинската држава.
На 11 декември, Ирска објави дека ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).
Израелските сили убија повеќе од 44.900 Палестинци, главно жени и деца, во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Меѓународниот кривичен суд минатиот месец издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.