Израелската армија приведе илјадници Палестинци, но мал број се ослободени, а за поголем дел не се знае судбината / Photo: AA

Израел ослободи шестмина Палестинци, вклучително и две жени, кои ги приведе за време на копнените напади врз Појасот Газа што траат од 7 октомври минатата година.

Очевидци изјавија дека израелските војници ги ослободиле Палестинците во воената зона Кисуфим во Деир ал Белах.

Очевидци изјавија дека ослободените „едвај оделе поради голем замор, исцрпеност и болки предизвикани од тортура, несоница и неисхранетост“, како и дека имале рани по телото.

Шесттемина Палестинци, од кои две жени, кои Израел ги ослободи, за АА изјавија дека „биле подложени на тепање, тортура, навреди и постојано испрашување“.

Израелската армија приведе илјадници Палестинци, вклучително жени, деца, здравствени работници и работници од цивилната одбрана откако почна со копнени напади врз Појасот Газа.

Мал број се ослободени, а за поголем дел не се знае судбината.

Во заедничкиот извештај објавен од страна на Здружението на палестинските затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени лица на Палестинската ослободителна организација по повод „26 јуни - Меѓународен ден на солидарност со жртвите на тортура“ се наведува дека најмалку 18 Палестинци загинале во израелските затвори од 7 октомври.

Во претходното соопштение на Хамас се вели дека палестинските затвореници во израелските затвори „се подложени на најбрутални и ужасни форми на одмазда, меѓу кои и гладување, понижување, малтретирање, медицинско запоставување, убиство и егзекуција“.

AA
Популарни