Израел продолжува да раселува цивили во Газа / Photo: AA

Жител на Газа беше принуден да мигрира од градот Газа во Кан Јунис, а подоцна и во Рафах

Друг жител вели дека добиле повик од израелската армија да се евакуираат од цивилната населба во која се наоѓале.

Израел продолжува насилно да раселува стотици Палестинци во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, кој е под интензивни воздушни и копнени напади на израелските сили.

По заканите од израелската армија дека ќе ги таргетира цивилните населби, многу Палестинци од источните области на Кан Јунис беа насилно раселени во „хуманитарната зона“ во областа Ал-Маваси во близина на градот.

Областите на исток како Кура ал-Лут, Аш-Шеик Насир, Ал-Кетибех и улицата Џалал заедно со западниот регион на 5-та улица во Кан Јунис беа подложени на интензивно израелско бомбардирање во последните денови.

Хузејфе Себир, раселен жител од Газа во Кан Јунис, во изјава за Анадолу вели дека потрагата по безбедна област продолжува.

Додава дека тие неодамна се преселиле од Кура ел-Лут во Рафах.

Себир рече дека поради интензивните напади во Газа, од израелската армија добиле повик за евакуација. Во рамките на нападите, армијата се заканила и евакуирала десетици населени места во Кан Јунис.

Тој рече дека армијата цели на многу домови во Кура ел-Лут, што резултирало со бројни жртви и повредени.

Ахмед Ал-Фера во изјава за Анадолу, рече дека израелската армија испратила СМС-пораки на телефоните на жителите со инструкции да се преселат во областа Ал-Маваси.

„Оваа област е песочна земја во која недостасуваат сите основни потреби за живот. Не е погодна за живеење, без храна и вода и нема соодветно место за населување“, рече Ал-Фера.

Тој рече дека поставил шатор во областа надевајќи се дека е безбедно за неговото семејство, но стравува дека како и другите за кои се тврди дека се „безбедни“ области, израелската армија би можела да го таргетира Ал-Маваси.

ОН предупредија дека тековните израелски бомбардирања може да го забрзаат масовното раселување од северниот кон јужниот дел на Појасот Газа.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди итно повика на хуманитарен прекин на огнот за да се спречи понатамошно масовно раселување во Газа и нивно ширење надвор од регионот поради интензивните напади и блокада на Израел.

Гранди нагласи дека ако не можат да се спречат масовните раселувања, решавањето на овој проблем ќе стане невозможно и ќе ги загрози шансите за постигнување мир во иднина.

TRT Balkan / агенции
Популарни