Израел прогласува „воена состојба“ / Photo: AA

Израелската влада прогласи „воена состојба“ поради израелско-палестинскиот судир.

Израелскиот Совет за безбедност ја одобри објавата за војна во согласност со членот 40 на основниот закон, објави израелската Влада, пренесе весникот „Ерусалим Пост“. Повеќе од 2.000 Израелци досега се повредени, јави „Hebrew Channel 12“.

Најмалку 600 Израелци се убиени во воената ескалација која трае со палестинските групи во Газа, објавија локалните медиуми.

Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, во саботата наутро покренаа сеопфатен напад врз Израел наречен „Акса Флуд“. Илјадници ракети испалени се од Газа кон Израел, вооружените групи влегоа во населбите во регионот. Израелската војска потоа објави дека покрена напади врз Појасот Газа со десетици воени авиони. Најмалку 313 Палестинци се убиени, а речиси 2.000 се повредени во нападите, според здравствените извори во Газа.

Според израелската војска, Хамас од саботата наутро лансираше повеќе од 3.000 ракети кон Израел.

TRT Balkan / агенции
Популарни