Бригадите Касам тврдат дека Израел го „одложува“ договорот за размена / Photo: AA

Израел е против предложениот договор со Хамас што можеше да резултира со ослободување на 50 израелски заложници во замена за палестински жени и деца и 3-дневен прекин на огнот во Газа, објавија државните медиуми.

Израелската радиодифузна управа соопшти дека „Тел Авив се спротивстави на предлогот на Хамас“.

Канал 12 цитираше израелски официјален претставник дека посредниците „знаат дека ние бараме поголем договор“.

Претходно истиот ден, израелската армија, по рацијата во болницата Ал-Шифа во Газа, рече дека „нема индиции“ за заложници во најголемата медицинска установа во енклавата.

Абу Убаида, портпарол на Бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас, претходно оваа недела изјави дека Израел го „одложува“ договорот за размена.

Хамас претходно изрази подготвеност за сеопфатен договор, кој ќе вклучува ослободување на сите израелски заложници во Газа, во замена за над 7.500 палестински затвореници кои се држат во израелските затвори.

Израелската армија тврди дека Хамас во Газа од 7. Октомври држи 239 Израелци, вклучително и некои со националност од други држави.

Се вели дека Египет и Катар посредуваат во напорите за нивно ослободување.

AA
Популарни