Весникот „Калкалист“ пишува дека вкупните трошоци на војната ќе надминат 51 милијарда долари / Photo: AA

Израел објави дека се задолжил за околу 30 милијарди шекели (7,8 милијарди долари) од 7. октомври, кога започна напади врз блокираниот Појас Газа.

Според бројките објавени од Министерството за финансии на Израел, позајмени се приближно 8 милијарди долари, од кои повеќе од половина (16 милијарди шекели) се во долари.

Министерството за финансии на вчерашната неделна аукција на обврзници се стекна со нови 3,7 милијарди шекели (околу една милијарда долари) од домашниот пазар.

Беше наведено дека задолжувањето му овозможило на Израел целосно и оптимално да ги финансира сите потреби на владата.

Во Израел буџетскиот дефицит, кој во септември изнесуваше 4,6 милијарди шекели, во октомври се зголеми на 22,9 милијарди шекели, како поради големата јавна потрошувачка, така и поради забавувањето на економијата.

Ваквата состојба го зголеми буџетскиот дефицит во последните 12 месеци на 2,6 отсто.

Израел влезе во период на интензивно трошење откако влезе во воена состојба на 7. октомври. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека „наредил да се отворат славините“.

Спротивно на тоа, гувернерот на Банката на Израел, Амир Јарон, ја нагласи потребата од балансиран пристап помеѓу поддршката на економијата и одржувањето на здрава финансиска позиција.

Израелскиот буџет беше оптоварен со многу трошоци, како што се трошоците за армијата која постојано ја напаѓа Газа, даночни ослободувања за околу 350.000 резервни војници, дополнителна финансиска поддршка, даночни олеснувања и сместување за евакуираните од конфликтните зони. Повлекувањето на резервистите од работната сила и активната потрошувачка, исто така, ја ослабеа продуктивната и економската мобилност.

Израелскиот економски весник „Калкалист“ пишува дека вкупните трошоци на војната ќе надминат приближно 51 милијарда долари.

Шекелот, кој влезе во надолен тренд во однос на доларот, падна на најниско ниво во последните 10 години.

Девизните резерви на Израел се намалија додека Банката на Израел се обидуваше да ја заштити валутата на земјата.

Според податоците на Централната банка, резервите се намалени за 7,3 милијарди долари на 191,2 милијарди долари.

Дополнително, објавено е дека и даночните приходи на Израел се намалени поради економското забавување.

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ на 25 октомври го потврди кредитниот рејтинг на Израел како „АА-“, менувајќи ја прогнозата за рејтинг од „стабилна“ во „негативна“ поради геополитичките ризици.

Фич рејтинг на почетокот на минатата недела објави дека го ставил кредитниот рејтинг на Израел од „А+“ на негативен рејтинг поради геополитички ризици.

Мудис, исто така, на 20 октомври објави дека го разгледува кредитниот рејтинг на Израел „А1“ за можно намалување на рејтингот.

Се проценува дека дополнителните трошоци на Израел и економското забавување ќе доведат до зголемување на буџетскиот дефицит за 2023 година.


AA
Популарни