Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, рече дека новата администрација во Сирија „го измамила Западот“ по соборувањето на режимот на партијата Баас.
Во изјава за весникот „Ерусалим пост“, Сар даде своја оценка за новата администрација во Сирија.
Обвинувајќи ја администрацијата на чело со Ахмед ал-Шар за „екстремистичка“, Сар рече дека се сомничави кон новата администрација и дека за тоа „постојат причини“.
„Знаеме дека Западот е измамен“, нагласи Сар, истакнувајќи дека многу претставници на држави отишле во Дамаск на средби со сириската администрација.
Одговарајќи на прашањето дали други држави му сугерирале на Израел да воспостави односи со Дамаск, Сар рече:
„Постојат такви кои сакаат да се случи тоа.“
TRT Balkan / агенции