Израелската армија тврди дека синоќа во напад на југот на Бејрут го убила Сухаил Хусеин Хусеини, еден од високите команданти на Хезболах.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека Хусеини е одговорен за трансферот и дистрибуцијата на оружје меѓу Иран и Хезболах и нeговото финансирање.
Хусеини, исто така, наводно е одговорен за управување со логистиката на чувствителните проекти на Хезболах во Либан и Сирија.
Хезболах сè уште не се изјаснил за ова тврдење на Израел
Либанските државни медиуми објавија дека цел на Израел биле јужните предградија на Бејрут во текот на ноќта, откако израелската армија издаде предупредување до жителите на областа.
Израел вчера изврши бран воздушни напади врз јужен Либан, при што 100 авиони гаѓаа околу 120 локации во период од еден час, објави израелската армија.
Сирените се огласија во понеделникот вечерта во централниот дел на Израел, откако неколку проектили пристигнаа од правец на Либан, а израелската војска соопшти дека некои од проектилите биле пресретнати, додека други паднале на отворени области.
Либанското Министерство за здравство објави дека од 8 октомври минатата година во израелските напади врз Либан загинале 2.083 лица, а 9.869 се повредени.