Засега од Хезболах нема официјален коментар за овие тврдења  / Фото: AFP

Израелската армија денес соопшти дека уништила инфраструктура и складишта за оружје на Хезболах во Јужен Либан.

Армијата објави видеоснимка на која се гледа бомбардирање на неколку згради во Јужен Либан, но не ги прецизираше градовите каде што се случиле експлозиите.

Таа тврди дека зградите се користеле за складирање оружје, вклучително минофрлачки гранати, ракети, експлозивни направи и друга воена опрема.

Во соопштението армијата информира и дека нејзините сили убиле неколку борци на Хезболах и извршила апсење затоа што тие „претставувале закана“ за израелските сили, но не даде дополнителни детали.

Засега од Хезболах нема официјален коментар за овие тврдења.

Договорот за прекин на огнот е на сила од 27 ноември, со што е прекинат периодот на меѓусебно гранатирање помеѓу Израел и Хезболах што започна на 8 октомври 2023 година и прерасна во сеопфатен конфликт на 23 септември минатата година.

Либанските медиуми објавија дека од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот регистрирани се над 830 израелски прекршувања.

Израел требаше да го заврши повлекувањето на својата армија од Јужен Либан до 26 јануари според договорот за прекин на огнот, но тој го одби тоа и рокот е продолжен до 18 февруари.

AA
Популарни