Израел изведува брутални напади на Појасот Газа од 7. октомври минатата година, а само во изминатиот месец на постот Рамазан, израелските сили извршија најмалку 182 масакри и убија 2.315 Палестинци во блокираната и речиси во потполност девастираната енклава на источниот брег на Медитеранот, известува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа објави дека израелските напади продолжиле без прекин и во текот на месецот на постот Рамазан, дури и се интензивирани во некои денови.
Израелската војска извршила 182 масакри во Појасот Газа во текот на месецот на постот Рамазан, и во тие напади уби 2.315 Палестинци.
Последниот ден на рамазан беше и најкрвавиот дена на израелските напади од воздух, копно и море.
Во израелските напади последните 24 часа се убиени најмалку 153 Палестинци, а 3.439 се ранети. Повредените Палестинци се лекуваат под тешки услови во ограничениот број на здравствени установи.
Палестинските единици за цивилна одбрана во Појасот Газа соопштија дека досега се извлечени 409 тела од градот Хан Јунис и болницата Ал Шифа и нејзината околина, откако израелската војска неодамна се повлече од тие места.
Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 Израелци.
Оттогаш се убиени 33.360 Палестинци, од кои 14.500 деца и 9.560 жени, а 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.