Во нападите беа бомбардирани 79 владини згради, 38 џамии, три цркви и 189 училишта / Photo: AA

Околу 29.000 куќи се целосно уништени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.

Најмалку 2.000 луѓе се под урнатините во Појасот Газа.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека во претходните напади делумно биле оштетени 190.000 куќи, додека 29.000 биле целосно уништени.

Тие соопштија дека имаат информации оти под урнатините има најмалку 2.000 луѓе.

Поради нападите и заканите на Израел, околу 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и се засолниле во засолништа, болници и јавни институции.

Во нападите беа бомбардирани 79 владини згради, 38 џамии, три цркви и 189 училишта, а 25 училишта се надвор од функција.

Во соопштението на прес-службата се повикува исламскиот свет и слободните луѓе во светот да ги зголемат масовните движења за да извршат притисок врз Израел и оние кои го поддржуваат и да го поддржат палестинскиот народ.

Беше посочено дека „нацистичкиот холокауст“ во Газа продолжи поради немоќта, молкот и срамниот однос на меѓународната заедница и зеленото светло на Америка.

Потенцирано е дека никој нема да може да се извлече од урнатините поради дефект на спасувачката опрема и недостиг на гориво.

Беше објавено и дека признавањето на Израел дека ја бомбардирал куќата на новинарот на Ал Џезира Ваил ал-Дахдух покажува дека Израел не се плаши од одговорност за своите злосторства.

Беше посочено дека Израел продолжува да ги врши „најгрозоморните злосторства“ врз цивилите, затворајќи ги граничните премини кон Газа и спречувајќи влез на храна, лекови и гориво.

AA
Популарни