Израелската Армија од 7 октомври, кога започнаа нападите врз Појасот Газа, уби 11.000 деца.
Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се наведува дека 11.000 деца и 7.500 жени ги загубиле животите во 108 дена од израелските напади врз Газа.
Се наведува дека 7.000 луѓе, од кои 70 отсто се жени и деца, сѐ уште се под урнатините или се исчезнати во Газа, бројот на трупови што стигнале до болниците е 25.925, а 63.000 луѓе се повредени.
Во израелските напади целосно беа уништени 70.000 куќи, а вкупно 290.000 станбени единици беа оштетени и станаа неупотребливи.
Што се однесува до израелските напади насочени кон здравствениот сектор, беше објавено дека загинале 337 здравствени работници и 45 лица од цивилната одбрана.
Забележано е дека од 7 октомври досега во израелските напади во Газа животот го загубиле 119 новинари.
Израелските сили приведоа 99 здравствени работници и 10 новинари, а два милиони луѓе беа раселени во Појасот Газа со 2,3 милиони жители.
Укажано е на нехуманата состојба во сместувачките центри во кои се засолниле прогонетите Палестинци, а се наведува дека како резултат на раселувањето биле откриени 400.000 заразни болести и повеќе од 8.000 случаи на хепатитис А.
Се наведува дека 60.000 бремени жени и 350.000 луѓе со хронични заболувања се во опасност поради недостигот на здравствена заштита во Газа.
Евидентирано е исто така дека израелската Армија уништила 140 државни згради и 99 училишта и универзитети, додека 295 училишта и универзитети биле делумно оштетени.
Нагласено е дека бројот на повредени кои имаат потреба од лекување надвор од Газа е 11.000, а 10.000 болни од рак се во опасност од смрт поради несоодветна здравствена заштита.
Израелската Армија во нападите оштети 253 џамии во Газа, од кои 161 беа целосно уништени, а цел беа и три цркви, кои беа уништени.
Израел, исто така, имаше како цел 150 медицински установи во Газа, онеспособи 53 здравствени центри и 30 болници и 122 амбулантни возила.
Беше објавено дека Израел го нападнал палестинското културно наследство и уништил 200 историски и културни имоти во Газа.
Во соопштението се нагласува и дека од 7 октомври израелската Армија ја нападнала Газа со повеќе од 65.000 тони експлозив.